Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ неколку денови работи на чистење на поројот „Крушевска Република“. По рачното отстранување на разновидниот отпад и наносите наталожени во поројот ќе се врши и чистење со механизација. Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните наместо во поројот отпадот да го ставаат на места наменети за него.