Учениците од Дабиле се вклучија во одбележувањето на Денот на животната средина

По повод светскиот ден на животната средина, учениците и наставниците од основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ од селото Дабиле денеска се вклучија во акцијата која што се одржа во ова населено место, а во организација на еколошкото друштво „Планетум“ и „4x4x4 Балкански мостови“ Скопје – ENV.net партнер за Македонија.