Советот на општина Струмица денеска ја одржа 28-та седница на која беа усвоени повеќе предлог одлуки кои ќе го зголемат квалитетот на животот во општината и тоа:предлог – одлука за утврдување на приоритет на Проект – реконструкција на домовите на културата во населените места Просениково, Дабиље, Вељуса, Добрејци, Попчево и Костурино и предлог – одлука за давање согласност за намена на инвестицијата за реализација на проектот, предлог – одлука за утврдување на приоритет на Проект – озеленување и хортикултурно уредување на паркови и површини во населените места Просениково, Муртино, Куклиш, Свидовица и Костурино и предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестицијата за реализација на проектот.
Советниците дадоа приоритет и на проектот за уредување на патната инфраструктура за пристапност до и околу природните знаменитости на локалитетот „Бања Банско“ и согласност за намена на инвестицијата.Во изјавата за медиумите претседателот на Советот на општина Струмица издвои неколку точки кои беа на дневен ред.Едната од нив е предлог – одлука за отпис на долг по основ на комунална такса за користење и одржување на јавното осветлување. Со оваа одлука Советот го отпишува долгот на 256 наши сограѓани кои што имаа вкупен долг од 881.805 денари од кои што општина Струмица ќе се откаже за да им помогне на тие граѓани. Парите се општински, на граѓаните на општината, а проектот е на Владата, друг пат доколку таа сака да реализира такви проекти би било убаво да си наоѓа свој сопствен извор. Друга точка која предизвика внимание е предлог – одлуката за пренесување на користењето и управувањето со системот на фекална канализација во Костурино, таа е веќе завршена и со ова граѓаните на ова населено место ќе можат да се приклучуваат на истата, а инвестицијата е на општина Струмица. Третата точка која заслужува внимание е предлог – одлуката за определување локација за поставување спомен – обележје на загинатите пилоти во хеликоптерската единица на МВР. Предложено е спомен обележјето да биде поставено во градскиот парк, односно, во дворот на домот на АРМ, а можно е повторно разгледување на идејното решение. На дневен ред ја имавме и предлог – одлуката за донесување на детален урбанистички план за блок 23 и дел од блок 24 во урбана единица 9 со површина од 11,17 хектари, со што физичките и правните лица кои што таму имаат свои парцели ќе можат во иднина да градат, а тие кои што го немаат завршено откупот на земјиштето ќе можат да си го откупат бидејќи веќе се формирани градежните парцели. Ја разгледувавме и информацијата за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на територијата на општина Струмица за периодот од први јули до 31 декември 2014 година и безбедноста е оценета како поволна, рече Христов.Членовите на Советот ги усвоија и предлог – одлуките за давање согласност на елаборат за одредување на заштитни зони околу водозафатните објекти за водоснабдување, пренесување на правото на користење и управување со подземниот паркинг простор на плоштадот „Гоце Делчев“, дополнување на одлуката за определување на зонско паркирање во градот.На денешната 28 седница на Советот беа усвоени и извештајот за работата на јавното претпријатие „Паркиралишта-Струмица“ за периодот од први јануари до 31 март 2015 година и одлуката за утврдување на висината на цените за услугата – паркирање во подземниот паркинг на плоштадот „Гоце Делчев“ според која цените остануваат исти, односно, 20 денари за прв час, а за секој нареден 10 денари, а се воведуваат 500 денари за изгубен паркинг билет. Усвоен е и извештајот за работењето на ЈПЕД „Струмица – гас“ за првиот квартал од 2015 година.Советниците на ВМРО ДПМНЕ денеска ја напуштија седницата, еве што на новинарско прашање за ова одговори претседателот на Советот, Јосиф Христов.Точките на дневниот ред имаат свои известители и свои предлагачи, тука беа сите, Градоначалникот не мора да присуствува на секоја седница за да добијат одговор. Воопшто ова не е убаво од нивна страна, бидејќи денеска на дневен ред беа многу клучни точки, и во нивното барање за вонредна седница не беа наведени прашањата на кои сакаат одговор, а и барањето за свикување вонредна седница не им беше издржано, оти седница свикува претседателот на Советот, а не Градоначалникот, согласно законските прописи и статутот на општината. Тоа е нивно право, но не е добро, кога на дневен ред се клучни точки за граѓаните на општина Струмица, рече Христов.