На последната 28. седница на Советот на општина Струмица беше усвоен извештајот на Јавното претпријатие ,,Паркиралишта – Струмица,, за првиот квартал од тековната година.Согласно овој извештај, во периодот од 1. јануари до 31. март 2015 година, низ улиците опфатени со зонското паркирање (црвена и жолта зона) преку СМС пораки и греб-карти, на расположливите 713 паркинг места биле паркирани 37.617 возила.
Во делот на повластеното паркирање, во јануари биле издадени 249 дозволи, во февруари 259, а во март 261. Искористеноста на паркинг просторот под плоштадот ,,Гоце Делчев,, е задоволителна и во рамките на очекувањата. Во овој паркинг простор со капацитет од 82 паркинг места кој работи 24 часа секој ден ( и недели и празници) , во првото тримесечие биле опслужени вкупно 29.493 возила.Во делот на тековното одржување на јавното осветлување, во првиот квартал од 2015 година, ЈП ,,Паркиралишта-Струмица,, извршило вкупно 323 технички интервенции, од кои 244 во градот и 79 во населените места.Според овие показатели, Јавното претпријатие ,,Паркиралишта – Струмица,, , првото тримесечие од 2015 година го завршило со 65,73% поголеми приходи во однос на истиот период од минатата година.