Јавното претпријатие за комунални дејности ,,Комуналец,, денес започна со активност за враќање на убавиот лик и функционалноста на фонтаните на булеварот ,,Маршал Тито,, . Вработени во ова јавно претпријатие работат на чистење на коритата и реконструкција на опремата на фонтаните, па се очекува веќе во првите летни денови препознатливите современи белези на булеварот ,,Маршал Тито,, да профункционираат во полн сјај.