Во трите средни општински училишта почнаа уписите во прва година за новата 2015/2016 учебна година. Денеска и утре се врши првото пријавување и запишување во првиот јунски рок, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни. Во сите три училишта првиот ден од уписите тече нормално и без проблеми, а најголем интерес до сега има за гимназиското образование во СОУ „Јане Сандански“, за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“ и за сообраќајната и информатичката струка во СОУ „Никола Карев“.Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 и 30 јуни, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени на први јули .