Согласно одлуката за распределба на средства од буџетот на општина Струмица за 2015 година наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации, денеска е исплатена првата рата.
Со оваа исплата, здруженијата и фондациите и практично ќе можат да почнат со реализација на проектните активности кои треба да завршат до крајот на годината.Преку програмата G1 – Локален економски развој, социјална заштита, култура, образование, заштита и унапредување на животната средина, млади и младински политики, поддржани се 19 здруженија со вкупно 1.908.544,00 денари, а преку програмата V2 од областа на социјалната заштита, поддржани се пет здруженија и организации со 593.860,00 денари, или по двете програми оваа година општина Струмица невладиниот сектор го поддржа со вкупно 2.502.404,00 денари.Поддржаните проекти на здруженијата кореспондираат со стратешките развојни документи на општина Струмица и имаат големо значење во подигнувањето на квалитетот на живеењето во општината во повеќе области.Мониторингот на реализацијата на поддржаните проекти ќе го врши трочлена комисија именувана од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.