Асфалтирани две улици во Муртино и Банско

Согласно прeдвидените проектни активности на Општина Струмица , деновиве беа асфалтирани две улици во населените места Муртино и Банско. Според зборовите на раководителот на Одделението за комунални работи Тодор Граматиков, асфалтирана е улица во Муртино во должина од 125 метри, во вредност од 907.000 денари како и улица во Банско во должина од 100 метри, за која од општинскиот буџет се издвоени 741.000 денари. И за двете улици е употребен асфалт од типот БНХС – 16, со дебелина од 7 сантиметри.Од Одделението за комунални работи најавуваат продолжување на градежните активности со асфалтирање и на други улици во градот и населените места, во рамките на планираните активности за тековната година.