Покрај активностите поврзани со уписите на ученици, во Средното општинско училиште ,,Никола Карев,, во полн ек се неопходните подготовки за подобрување на условите за настава за новата учебна 2015 / 16 година. Според зборовите на директорот на училиштето Драган Јанков, веќе е завршено обелувањето на ѕидни површини од вкупно 5000 метри квадратни. За таа намена, од сопствени средства се потрошени 208.942 денари.