Со концерт на најмладите таленти на Струмица, а кој ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот во дворот на АРМ, свечено ќе биде отворено годинашното четврто издание на десетдневната манифестација „Струмица опен фест“.
По концертот следува Warm up trap party во базенот „Аквариус“. Ова значи дека од вечерва започнуваат најубавите десет дена ова лето во Струмица кои ќе бидат исполнети со 20 настани распоредени на неколку локации во големиот градски парк и тоа од областа на театарот, филмот, поезијата, ликовната уметност, фолклорот, ќе има и работилници, обуки, многу награди и бројни изненадувања и секако фестивалот ќе кулминира во последните три дена со многу музика од познати балкански и светски изведувачи и разни жанрови за сите вкусови.Како и минатите година така и оваа, градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица финансиски ја поддржуваат оваа најголема летна манифестација во нашиот град. Годинава поддршката од општинскиот буџет изнесува 3 милиони денари.