И шестата вечер на четвртото издание на „Струмица опен фест“ на струмичани им понуди богата фестивалска програма. Во дворот на домот на АРМ, а во рамките на ликовната колонија, децата ги создаваа своите нови ликовни дела, во амфитеатаро се одржа Stand up comedy
со Бојан Велевски, а покрај езерцето љубителите на акустичната романтика уживаа во настапот на Ивана Василева, Ана Цамбулева и Ангела Илиев.Вечерва на фестивалската програма се детскиот фестивал „Јојо“ кој ќе се одржи во дворот на домот на АРМ, на корзото ќе се продаваат делата создадени на ликовната колонија, а амфитеатарот е вистинската локација за љубителите на џез музиката.Ова е последната понуда на локациите во големиот градски парк, од утревечер фестивалската програма продолжува на големата музичка сцена на плоштадот „Гоце Делчев“ на која ќе продефилираат познати музички имиња од домашната и меѓународната музичка сцена.