По повод денешниот христијански празник ,,Успение на Пресвета Богородица,, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев денес го посети истоимениот црковен храм во изградба, во кој се одржа пригодна црковна свеченост во чест на празникот.
Градоначалникот Заев присуствуваше и на традиционалниот празничен ручек во цркавата ,,Св. Петнаесет,, на кој беше присутен и Неговото високо Преосвештенство, Митрополитот струмички – Господин Наум. Заев ја искористи можноста да му ја честита на Господин Наум дваесетгодишнината од неговото хиротонисување за Митрополит на Струмичката епархија, кое се случи на денешен ден во 1995 година. Воедно, Градоначалникот Заев со најубави желби им го честита денешниот празник на сите благочестиви христијани од општина Струмица.