Општина Струмица денеска реагираше на прес конференцијата на советникот на ВМРО ДПМНЕ во населеното место за изградбата на опожарениот дом на културата. Еве што изјави секретарот на општината, Кирил Парталов:За опожарениот дом во населеното место Куклиш
во буџетот и во програмите на општина Струмица има предвидено околу 3 милиони денари. Меѓутоа, реконструкцијата, односно, изградбата на нов дом на културата се уште не може да почне од проста причина што во моментот се работат испитувања од стручни лица за статистиката на самиот објект, односно, дали овој објект ќе може да се реконструира, или пак, доколку стручните лица укажат на тоа, истиот да биде срушен и на негово место да биде изграден нов. Што значи во тек е утврдувањето на конечната реализација на овој објект во Куклиш.