Здружението „НОВУС“ започна со реализација на проектот „Запознај ја европската унија – делувај Европски“, кој што е целосно поддржан и финансиран од општина Струмица, во рамките на G1 програмата за 2015 година.
Согласно доделениот грант,проектот ќе трае 4 месеци, а негова основна цел е да се промовираат европските вредности и принципи, но и да се запознаат граѓаните со работата и структурата на институциите на ЕУ, фондовите, бенефициите и можностите што ги нуди големото европско семејство.Сметаме дека примарно треба да се работи од локално ниво на промовирање на ЕУ политиките и истите да се шират на ниво на цела држава. Така во целост ќе имаме држава, но и граѓани подготвени да ги споделуваат европските вредности. Друг важен аспект е навремено и точно да се информираат граѓаните што претставуваат сите овие аспекти од Европската унија и зошто е важно Република Македонија вклучувајќи ги и локалните заедници да биде дел од големото европско семејство. Токму неинформираноста во врска со Европската унија се главните проблеми кои што се присутни на национално ниво, но тие се уште поголеми кога станува збор за локалните средини. Преку предвидените проектни активности ние ќе обезбедиме точно информирање и запознавање со целите на ЕУ и тоа токму од Струмица општина која веќе ги почитува европските вредности и ползува благодетите од европските фондови, рече Ѓорги Тасев од здружението „НОВУС“.