На јавноста веќе и се добро познати настапите на одредени граѓани кои во препознатлива форма испорачуваат посебни барања. Веќа добро знаат граѓаните дека еден ден ќе се јават советниците од ВМРО ДПМНЕ, а друг ден организираните од нив граѓани кои наводно се незадоволни.
Овој пат граѓаните од Градско Балдовци сигурно го немат заборавено мостот кој истиот тој Зоран Заев им го има изградено со сопствени средства, впрочем по истиот тој мост се влегува и излегува. Ќе ги потсетиме граѓаните од Градско Балдовци за асфалтот, а она кое им е обезбедено од Зоран Заев, бидејќи претходно и го немаа, е водоводот. Како приградска населба на општина Струмица, администрацијата со која раководи градоначалникот Зоран Заев веќе има подготвено основен проект за уредување на простор со асфалт и канделабри покрај реката Тркања. Друга е приказната дека истиот како и повеќето проекти изработени со потписот на Зоран Заев, не наидуваат на отворена врата кај партијата на власт на државно ниво.Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев никогаш ниту омаловажува, ниту деградира – напротив, императив му е вистината. Постои изборна програма за реализација на сите тие проекти чиј рок е логичен и завршува додека трае неговиот мандат.