Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со есенското расчистување на дивите депонии во градот и населените места. Акцијата стартуваше на 11 септември на локација кај населеното место Водоча од каде досега е собрано над 200 метри кубни отпад, најголем дел органски.Откако ќе завршиме тука, ќе продолжиме на две локации на патот Струмица – Валандово, едната е пред Македонска куќа, а другата спроти неа, каде што на барање на едно здружение за телесно инвалидизирани лица ние ќе им помогнеме околу уредувањето на овој простор за да можат да го користат како рекреативна зона.