Поради врнежите од дожд, денеска не се одржа манифестацијата „Ден без автомобили“ која што беше планирана во рамките на проектот Европска недела на мобилност – Избери, Промени, Комбинирај, а во кој е вклучена општина Струмица. Овој проект на ЕУ секоја година се спроведува преку кампањи за одржливост на мобилноста во урбаните средини.
Целта на кампањата е да се воведат и промовираат нови алтернативни мерки за транспорт кои ќе бидат одржливи и ќе придонесат кон намалување на загаденоста на животната средина и подигање на свеста кај граѓаните за употребата на автомобилите и намалување на штетните емисии на гасови во воздухот.За таа цел, општина Струмица посебен акцент стави на денешниот ден кој се одбележува како Ден без автомобили, за што беше планирана велосипедско дефиле како заеднички придонес во подигањето свеста на граѓаните за важноста на одржливата мобилност во урбаните средини и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.Но, иако оваа манифестација не се одржа, општина Струмица стои зад пораката дека автомобилите треба да се користат одговорно, со избирање на друг начин на транспорт, што би значело да се користат предностите на современиот урбан начин на живеење и да се овозможи зачувување на почиста животна средина, редуцирана бучава, подобрено здравје и заштеден семеен буџет.