Во општинското средно училиште „Никола Карев“ почна уредувањето на дворот. Денеска се сечеа дрвјата пред училишната зграда кои предизвикуваа проблеми во зимскиот период, а освен тоа ќе се извршат и други активности кои ќе ја разубават оваа површина. Освен во дворот пред училишната зграда планирано е и комплетно уредување на дворната површина позади зградата.Средното општинско училиште „Никола Карев“ во континуитет работи на подобрување на условите во и околу училишната зграда, а со цел да го направи попријатен престојот за учениците и вработените.