По сите завршени подготвителни работи, денеска, почна поставувањето на втор слој асфалт на улицата „Братство Единство“ во Струмица. Со асфалт АБ 11 ќе бидат покриени вкупно 2.957 метри квадратни. На оваа улица заврши и изградбата на новиот тротоар од левата страна кон транзитниот пат,
а во рамките на подготвителните работи се изврши висинско прилагодување на капаците од ревизионите шахти на водоводната и канализационата инфраструктура и на решетките од уличните сливници.Овој градежен зафат се реализира со средства од буџетот на општина Струмица, а согласно програмата за улици и патишта за 2015 година.