Денеска на улицата „Атанас Нивичански“ во Струмица е ставен нов асфалтен слој. Овој градежен зафат е изведен со средства од буџетот на општина Струмица, согласно програмата за патишта и улици за 2015 година. Нов асфалтен слој е ставен на вкупна површина од 750 метри квадратни.