Во домот на АРМ, денеска, се одржа првата работилници во рамките на изготвувањето на Стратегијата за локален економски развој на општина Струмица за периодот 2016 – 2020 година. На работилницата на која присуствува претставници на општинската администрација, јавните претпријатија,
бизнис и невладиниот сектор, се дефинираше рамката за работа, се направи резиме на старата Стратегија за ЛЕР и останатите стратешки документи поврзани со економскиот развој на општина Струмица, а се дискутираше за добрите практики и научени лекции во процесот на изработка на постоечката, а кои што можат да се применат во новата Стратегија. На денешната средба, членовите на работната група ги дефинираа и приоритетите за секоја област во новата Стратегија за ЛЕР.Визијата, стратегиските цели, програмите и проектите кои ќе се идентификуваат низ неколку работилници, ќе овозможат побрз локален економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните на општина Струмица. Изготвувањето на Стратегијата е со поддршка на УСАИД – проект „Младинска мрежа за стекнување вештини при вработување“ (ЈЕС мрежа), а преку Локалниот економско социјален совет и одделението за локален економски развој на општина Струмица.