По населеното место Дабиле, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ есенската акција за чистење на атмосферските канали ја продолжи во населеното место Муртино. Таму се изведуваат два нови атмосферски канала на влезот во селото од левата и десната страна во должина од 720 метри. Според Тоди Стојанов, раководител на работната единица „Муртино“ при ЈПКД „комуналец“, по завршувањето на овој градежен зафат ќе се продолжи со чистење на постоечките атмосферски канали во должина од околу 2.000 метри.
Овие канали се прават се со цел да бидат зафатени водите кои досега го поплавуваа влезот на населеното место и дворот на училиштето „Маршал Тито“. Откако ќе бидат направени овие канали ќе се продолжи со чистење на веќе постоечките атмосферски канали од левата и десната страна долж населеното место во должина од околу 2.000 метри. Водата која што ќе ја зафатат овие канали ја носат директно во главниот моноспитовски канал. До наредниот месец е планирано сето ова да биде завршено, а со цел да се излезе во пресрет на граѓаните за да не се плашат во овој зимски период од поплави какви што ни се случуваа во 2013, па вклучително и оваа година во месеците јануари и февруари. Акцијата која што ја спроведува јавното комунално претпријатие е целосно покриена со средства од општина Струмица. Сакам да апелирам до граѓаните на населеното место Муртино да водат повеќе сметка и да не ги затрупуваат атмосферските канали и да не фрлаат ѓубре. Во оваа прилика, акцент сакам да ставам на еден друг проблем кој не зависи од нас и колку и да сме ние успешни во оваа акција, сепак, постои голем ризик за населеното место од излевање на водите од главниот канал на потегот меѓу Муртино и Сачево, каде во месец февруари за време на поплавата, вклучувајќи ги јавното претпријатие и општина Струмица и дел од месното население, успешно се санираше потег од двесте метри каде трапот на главниот канал беше целосно однесен и со заедничка акција тој потег се санираше, меѓутоа, тоа не е решение од траен карактер. Сведоци сме дека досега ниту главниот канал, ниту тој потег е саниран од водостопанското претпријатие „Струмички поле“ или од државните органи и ако се соочиме со големи количества на врнежи постои ризик тие места повторно да пропуштат вода и Муртино повторно да биде поплавено. Затоа, апелирам и до нив, иако, мислам дека нема доволно време да ја завршат оваа работа, требаше многу порано да почнат, сепак би апелирал ако може нешто делумно да се санира за да го заштитиме населеното место од евентуални поплави, рече Стојанов.