Претставници на општина Струмица учествуваат на обука за родово одговорно буџетирање кој што се одржува во Струга од 16 до 19 ноември. Обуката е поделена во две групи и тоа, напредна обука за претставници на локалната администрација и воведна за претставници на совети/комисии за еднакви можности, буџет и финансии и други релевантни комисии. На обуките присуствуваат десет пилот општини од Република Македонија и секоја од општините по свој избор работи на одредена предлог програма, во која ќе биде вградена родовата перспектива. Општина Струмица ја избра Предлог програмата за локален економски развој и истата ќе биде изработена по принципот на родово одговорно буџетирање.Обуката се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските службеници и локални претставници за родово одговорно буџетирање“.