По повод 20-ти ноември, Меѓународен ден на детето, во средното општинско училиште „Јане Сандански“ се организира добротворна акција за собирање употребливи детски играчки. Акцијата се реализира на иницијатива на учениците и во неа учествуваат сите од прва до четвртта година. Собраните играчки, утре во десет часот ќе бидат поделени на децата во сите клонови на градинката „Детска радост“.