Основното општинско училиште „Маршал Тито“ ќе добие нов лик. Таму деновиве започнаа градежните активности за обновување на фасадата. Нова термоизолациска фасада се става на предната страна на училишната зграда. Со овој градежен зафат се разубавува надворешноста на зградата, но истата станува и позаштитена од надворешни влијанија, со што ќе се подобрат условите за изведување на образовно – воспитниот процес.