Општина Струмица и оваа година нема да се вклучи во националната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, туку, со самостојна акција и квалитетни садници ќе го потврди својот сериозен однос кон животната средина. Општинската администрација, членовите на
Советот и вработените во општинските јавни претпријатија утре (02.12.2015г.) ќе извршат пошумување на старата струмичка депонија која што се наоѓа до гасната станица на Јавното претпријатие „Струмица гас“ на транзитниот пат на излезот од Струмица кон Валандово. Пошумувањето кое ќе почне во 9 часот ќе се изврши со повеќегодишни квалитетни садници со кои општина Струмица и овој пат на вистински начин ќе го потврди својот континуиран влог во средината во која живеат нејзините граѓани.