Граѓанските форуми во општина Струмица ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“, а кој ФООМ го спроведува во партнерство со општина Струмица.
Втората сесија на граѓанскиот буџетски форум ќе се одржи в петок (04.12.2015) со почеток во 17 часот во големата сала на домот на АРМ. -Една од причините зошто се организира ваков буџетски форум во општина Струмица е тоа што струмичани веќе навикнаа да учествуваат во донесувањето на одлуките на општинско ниво и ова го правиме во соработка со општина Струмица и Центарот на заедницата. Овој пат тоа ќе го направиме преку две сесии, на првата граѓаните ќе слушнат до каде е реализацијата на буџетот за оваа и кои се плановите за следната година, но тоа што е побитно е дека предлагаат свои идеи, проекти и приоритети за 2016 година, луѓето од Општината се тука ќе им кажат што ќе биде имплементирано, односно, што ќе влезе во буџетот, а што не, интерес секогаш имало, еве оваа сесија покажува дека интересот на струмичани за партиципација е голем. Овој форум е концептиран така што после презентацијата граѓаните можат да предлагаат проекти од сите програми и се што граѓаните сметаат дека им е приоритетно, а општината не го предложила во предлог буџетот тие можат да го предлагаат, нормално не може се да влезе, овој форум не е список на желби, но за се ќе има аргументи, дали влегол или зошто не и колку пари чини и граѓаните ќе можат во следната година да следат колку нивни приоритет се имплементираат. Првата причина за организација на вакви настани е всушност зголемување на транспарентноста, општина Струмица досега покажала, а и на ниво на Македонија се повеќе докажува дека се грижи за транспарентноста, се грижи за тоа колку граѓаните се вклучени во донесувањето на одлуки и тоа се гледа од задоволството на граѓаните од тоа што било лани спроведено и се надевам дека ќе биде така и оваа година, рече Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. Граѓаните на општина Струмица синоќа во хотелот „Тивериопол“ ги утврдуваа приоритетните проекти за 2016 година на првата сесија од граѓанскиот буџетски форум. Пред да бидат предложени приоритетните проекти, Евгенија Граматикова претставник на општина Струмица, ги презентираше извршувањето на буџетот за 2015 година и предлог буџетот за 2016 година. Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на Општината и зголемување на нејзината транспарентност. Граѓаните на Струмица ги утврдуваа приоритетните проекти за 2016 година