Отворена изложба во Домот за деца и млади „Благој Мучето“

Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица и ликовното студио кое работи при домот на културата „Јане Сандански“ од Ново Село со отворање на изложба, денеска, уште еднаш ја потврдија повеќегодишната успешна соработка. На показ на јавноста се дела на членовите на ликовното студио

создадени како резултат на набљудување и цртање на репродукција на познати дела на мртва природа кога се работа во атеље или кога се работи на отворено во природа, а работени во повеќе техники. Изложбата ја отвори Светлана Мазгалоска Вучетиќ, претставник на Домот за деца и млади „Благој Мучето“, која истакна дека целта на изложбата е негување на ликовната уметност и поттикнување на креативноста и интересот на младите генерации.

,