Во рамките на проектот „Запознај ја европската унија – размислувај европски“ кој што е поддржан од општина Струмица, здружението „НОВУС“ одржа работилница насловена „Запознавање со Еразмус+ програмата“. Со тоа здружението го заврши циклусот на проектни активности кои се однесуваат на приближување на европските политики и вредности кон граѓаните на општина Струмица.Целта на денешната работилница беше присутните учесници да се запознаат со програмата „Еразмус плус“
и можностите што ги нуди таа за студирање или обочување во странство со нејзини грантови. Програмата се базира на идеата дека инвестирањето во образованието е клуч за човечкиот потенцијал, без оглед на возраста или на образовното ниво. Сметавме дека е потребно да се направи каква работилница, бидејќи нивото на информираност, пред се на младата популација, беше ниско и сметаме дека со оваа работилница придонесовме да ги информираме учесниците со функционирањето на Еразмус+ програмата. Оваа прилика сакаме ја искористиме за да ја информираме јавноста дека во склоп на овој проект ќе биде изготвена и студија, базирана на истражувања, анкети и интервјуа и истата ќе биде презентирана пред јавноста до крајот на тековната година. Воедно, ние ќе продолжиме да промовираме европски вредности и остануваме на ставот дека е потребен поголем ангажман од цивилниот сектор и институциите да се работи на промовирање на ЕУ политиките од локално ниво и истите да се шират на ниво на цела држава. Така во целост ќе имаме држава, но и граѓани подготвени и мотивирани да ги споделуваат европските вредности, рече Глигор Ризов од здружението „НОВУС“.