Вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работна единица Муртино, вчера и денеска го санираа оштетениот трап на Моноспитовскиот канал во близина на мостот во Чифлик маалото во населеното место Муртино. Жителите од ова маало побараа помош од градоначалникот Зоран Заев за обезбедување на трапот за да се спречи излевање од каналот. Како и секогаш така и овој пат, градоначалникот Заев одговори позитивно на барањето и трапот е саниран.