Денеска продолжи санирањето на оштетените гранитни плочки во централното градско подрачје. Старите со нови плочки се заменуваа на улицата „Благој Мучето“. Со санацијата ќе бидат опфатени и останатите места на кои се оштетени гранитните плочки. Освен од естетска природа, овој зафат се реализира и за зголемена безбедност на граѓаните кои се движат по површините со гранитни плочки. Токму поради ова, општина Струмица апелира до граѓаните, а посебно до сопствениците на трговските и угостителските објекти колку што можат помалку да ги користат моторните возила во пешачките зони за да не се оштетуваат гранитните плочки.