Пакетчиња од ЈП „Паркиралишта„ за децата од посебната паралелка во ООУ „Сандо Масев„

По повод претстојните Новогодишно – Божиќни празници, денес вработени во ЈП „Паркиралишта“ ја посетија посебната паралелка во ООУ „Сандо Масев“, при што на децата од оваа паралелка им подарија новогодишни пакетчиња.„Во нашето динамично секојдневие,

не смееме да заборавиме дека мисијата на компаниите не е само растот, успехот и услужната дејност, туку и општествената одговорност. За таа цел, денес, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, на децата од посебната паралелка при ООУ „Сандо Масев“ – Струмица им подаруваме новогодишни пакетчиња. Целта на нашата посета е да педизвикаме насмевки и среќа кај дечињата во овој предпразничен период“, истакна раководителот на паркинг и пајак службата при ЈП „Паркиралишта“ – Трајче Тасев.