Денеска се одржа консултативна средба на работната група на Локалниот економско социјален совет одговорна за изготвување на Стратегија за локален економски развој на општина Струмица за периодот 2016 – 2020 година. На средбата беше разгледана првата работна верзија на Стратегијата, се дискутираше по поднесените коментари и забелешки, а беа утврдени и следните активности на групата.Изготвувањето на Стратегијата е со поддршка на УСАИД – проект „Младинска мрежа за стекнување вештини при вработување“ (ЈЕС мрежа), а преку Локалниот економско социјален совет и одделението за локален економски развој на општина Струмица.