Денот на пролетта и екологијата, 21 март, денеска работно беше одбележан во сите основни и средни училишта во општина Струмица. Преку едукативен час, учениците беа запознати со влијанието на загадувањето по здравјето на луѓето и како да ја чуваат здравата животна средина.
Во рамките на одбележувањето, учениците со нивните наставници ги уредуваа училишните дворови, цртаа инспирирани од доаѓањето на пролетта, но со нивните разновидни и прекрасни креации продефилираа и по улиците на Струмица упатувајќи пораки за поголема еколошка свест во зачувувањето на животната средина.
Во одбележувањето на Денот на пролетта и екологијата се вклучија и најмладите дечиња, згрижени во градинката „Детска радост“.