Вработените во јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ја почнаа традиционалната пролетна акција за чистење на градот и населените места. Во градот, денеска се собираше разновиден отпад и се отстрануваше тревата по булеварот „Гоце Делчев“. Во населеното место Градско Балдовци, со механизација се собираше ѓубрето насобрано покрај патот во близина на фудбалското игралиште.
Од ЈПКД „Комуналец“ велат дека ќе опфатени сите места, но и апелираат до граѓаните, посебно до тие во населените места, да бидат повнимателни со фрлањето на отпадот, особено во овие месеци кога се врши и пролетно чистење на домовите, и истиот да го фрлаат на места одредени за него.