Учениците од завршните класови во сите три средни училишта во општина Струмица и годинава ќе учествуваат во матурската парада. За да се покажат во најдобро светло, во какво што и ги гледавме во минатите години, тие веќе ги почнаа подготовките за беспрекорно да го одиграат танцот квадрил од штраусовата опера „Лилјакот“ во траење од осум минути.
Матурската парада годинава ќе се одржи на 23 мај, точно напладне, а матурантите од општина Струмица по шестти пат учествуваат во неа. Оваа манифестација е иницирана во 2001 година од Словенецот Томаж Амброж и неговата танц школа „Уршка“.