Врз основа на член 113 , член 134 став 2 , член 135 и член 136 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007, 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/2010 , 51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013 и 42/2014) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Дозвола за усогласување со оперативен план
Подносител на барањето:
AД “Неметали Огражден” Струмица
Адреса на подносителот:
Ул: ,, Маршал Тито ,, бр.239
Контакт лице:
Ѓорги Туфекчиев
Категорија на инсталацијата:
Инсталација за ископ, дробење, мелење,
сеење на калциумов карбонат.
Вид на активности:
Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење на калциумов карбонат.
Целокупната документација содржана во барањето , предлог – оперативниот план и активностите за заштита и унапредување на животната средина кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација ќе бидат достапни за заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Дозволата на web страната на општина Струмица www.strumica.gov.mk во одделението за заштита на животната средина
Секој работен ден од 08.00-16.00 часот
Контакт телефон : 034/348-030 локал109
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Заев