Одделението за образование при општина Струмица, согласно Законот за основно образование и Законот за просветна инспекција, ги известува сите родители дека во месец мај ќе се врши упис на ученици во прво одделение за учебната 2014/15 година во сите општински основни училишта.
Запишувањето на учениците во прво одделение е задолжително за сите деца кои се родени од 01.01.2008 година до 31.12.2008 година и кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години. Детето може да се запише и доколку наполни 6 години до 31.01.2015 година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот и психологот во училиштето. На барање на родителот, запишувањето на детето може и да се одложи, но единствено со потврда издадена од здравствена установа која ќе утврди дека не е подготвено да оди на училиште.
Уписите ќе се вршат секој ден од 9,00 до 14,00 часот, почнувајќи од 02.05.2014 до 31.05.2014 година во сите општински основни училишта. Секое училиште е должно да ги прифати децата за упис од својот реон.
Родителот, односно старателот на детето, е должен да го запише детето и е одговорен за неговото редовно посетување на наставата.
Потребни документи за упис се извод од матичната книга на родените и потврда за примените задолжителни вакцини на детето.
Подетални информации можат да се добијат од педагошко-психолошките служби во основните училишта.