На најголемиот регионален фестивал на детска поезија ,,Дечје царство” кој се одржа во Бања Лука, највисоката титула – принцеза на фестивалот и беше доделена на ученичката Васка Ангелова од седмо одделение во општинското основно училиште „Никола Вапцаров” од Струмица. Нејзините песни „Пејзаж на времето”, „Животински оркестар” и ,,Сите сме исти” се објавени во Зборник, а песната „Сите сме исти” триумфира на целиот фестивал.