Во текот на месец април, до општинскиот сервис „Систем 48“ биле доставени вкупно 92 пријави од страна на граѓаните кои реагирале за проблеми од неколку области. Општинските служби ги решиле проблемите по 82 пријави, а останатите 10 пријави се во процес на решавање, бидејќи истите се од инвестиционен карактер меѓу кои улици, патишта, тротоари и асфалтирање на ударни дупки.Екипите задолжени за пролетно крпење на ударните дупки се уште се на терен и според најавите, до средината на месец мај сите ударни дупки пријавени во „Систем 48“ ќе бидат санирани, односно асфалтирани. Најголем број од пријавите во текот на месец април се од областа на уличното осветлување 63, од областа на водовод и канализација 13 и осум пријави се однесуваат на собирање смет.