Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, ги посети повредените сограѓани во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Велес, кај Сарамзалино, а кои се наоѓаат во болниците во Велес и Штип. Таму тој разговараше и со нивните семејства.
-Денеска сме овде да се понудиме како нивна општина, да им се најдеме и на нив и на нивните семејства, полесно да го пребродат овој дел од својот живот, додека секако зараснат повредите и бидат залечени нашите сограѓани. Воспоставивме контакт како тоа да се направи, како да се помогне и навистина ми е драго што имало Господ во самата несреќа да нема човечки загуби, за да можат овие наши сограѓани побрзо да се вратат дома во нормалниот живот, рече Заев.
Градоначалникот Заев очекува дека надлежните органи ќе спроведат ефикасна истрага за утврдување на причините за сообраќајната несреќа во која што беа повредени повеќе граѓани.