Цвеќето како тема денеска беше инспирација за околу 70 деца од повеќе градови во во Македонија кои во Струмица создаваа нови ликовни дела и аранжираа природно цвеќе во рамките на 24-та републичка детска средба „Цвеќе 2014“. Оваа манифестација се одржа под покровителство на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, а во организација на Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица. Во рамките на манифестацијата беше отворена и ликовна изложба насловена како „Цвеќе“.