Во последно време регистрирано е насилно отстранување на заштитните столпчиња на пешачките зони на повеќе локации во градот. За да се спречи ваквото однесување од Инспекторатот за инспекциски работи во урбанизмот, комуналните работи, заштита на животната средина, патниот сообраќај, локалните патишта и улици, апелираат до сопствениците на угостителските и трговските објекти, наместо да ги уништуваат заштитните столпчиња, да ги отклучуваат катанците од истите.
Клучевите можат да се подигнат од портирницата во општина Струмица која работи 24 часа. Секое насилно отстранување на заштитните столпчиња ќе биде најстрого казнето од службите на општина Струмица, но и од останатите органи надлежни за чување на општествениот имот.
Исто така, се апелира и до граѓаните со своите автомобили и моторцикли да не ги узурпираат влезовите на пешачките зони, при тоа уништувајќи ги заштитните столпчиња, затоа што тие се поставени за да ја зголемат безбедноста на минувачите, чиј број е особено голем во летните месеци.