Одлука2

Врз основа на распишаниот Јавен повик за прибирање на проекти од областа на социјалната заштита од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за 2014 бр. 08–3430/3 од 03.06.2014 и Решението за формирање на комисија бр. 08-3430/1 од 03.06.2014 година, Комисијата за спроведување на јавен повик за прибирање на проекти од областа на социјалната заштита од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за 2014, донесе

О д л у к а

за распределба на финансиски средства од Програма V2

од Буџетот на Општина Струмица за 2014

Член 1

Финансиските средства од Програма V2 од Буџетот на Општина Струмица за 2014, по објавениот Јавен повик за прибирање проекти од областа на социјалната заштита од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за 2014 бр. 08–3430/3 од 03.06.2014 и Записникот од Комисијата за спроведување на јавен повик бр.02-3843/1 од 13.06.2013 се распределуваат на следниве здруженија на граѓани /фондации:

 

  1. Организација на жени од Струмица……………………………………………… 295.900,00 денари
  2. Здружение за едукација и развој на лица со пречки во развојот ЕДНАКВОСТ Струмица……………………………………………………………….109.620,00 денари
  3. Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА, Струмица …………………………………………..………………………….99.966,00 денари
  4. Здружение ЗЛТИ- МОБИЛНОСТ , Струмица………………………………….45.000,00 денари
  5. Здружение ВЕПОЗ Струмица…………………………………………………………48.000,00 денари

_____________________________________________________________________

Вкупно Програма V2 – Социјална заштита:..…………598.486,00денари

Член 2

Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето.

Комисија за спроведување на јавен повик

Претседател,

Тони Милушев