Во Домот на АРМ во Струмица се одржа тематска работилница “Основните концепти на родовата рамноправност и зошто таа е значајна за локалната самоуправа“ во рамките на проектот кој општина Струмица го спроведува со Македонското женско лоби за јакнење на капацитетите на советниците и општинската администрација.
Проектот се спроведува со поддршка на телото за родова еднаквост на Обединетите Нации, UN Women. Работилницата ја спроведе тематската менторка, д-р Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ, и на неа учествуваа претставници на Советот на општина Струмица и претставници на општинската администрација.
На работилницата беа разработени основните концепти на родовата рамноправност, беше дискутирано зошто родовата еднаквост е значајна, и што значи таа за локалната самоуправа.
Оваа работилница е прва од четирите кои во периодот јуни-октомври ќе се реализираат во општина Струмица и чија што цел ќе биде советниците и општинската администрација да се стекнат со знаења и вештини за родовата рамноправност и како истата да ја вклучат во политиките, програмите и проектите кои се подготвуваат и реализираат на локално ниво.