Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев ја продолжуваат прекуграничната соработка со општините од соседните држави, бидејќи за нив, границите не се бариера, напротив, во прекуграничната соработка гледаат одлична можност за црпење нови искуства и нивно практицирање во развојот на општината. Токму пради ова, општина Струмица е лидер во искористувањето на средствата од европските фондови.