Општина Струмица продолжува со интензивното спроведување на инвестиционите активности од проектот “Развој на алтернативни форми на туризам – Податоци за туризам”,
Општина Струмица продолжува со интензивното спроведување на инвестиционите активности од проектот “Развој на алтернативни форми на туризам – Податоци за туризам”,
финансиран од ЕУ, преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција 2007 – 2013 година.Мапирани, класифицирани и категоризирани се 20 патеки (ридско – планински) на целата територија на општина Струмица, на кои ќе бидат поставени 70 знаци и патокази и 6 информативни табли со известувачка и насочувачка информација.Досега поставена е соодветна туристичка сигнализација на вкупно 6 патеки, составена од 20 знаци и патокази и 2 информативни табли со известувачка и насочувачка информација. Овие патеки водат до едни од најзначајните културно – историски локалитети на општина Струмица и тоа: тврдината „Цареви Кули”, манастирот „Св. Илија”, црквата „Св. 15 Тивериополски Маченици”, Црквата „Св. Кирил и Методиј“, како и други позначајни места над градот Струмица.Во наредните неколку дена, оваа активност ќе биде целосно завршена.