Струмичани, но и граѓаните од цела Македонија по трет пат ова лето ќе можат да уживаат во богатата понуда на ,,Струмица опен фестивал‘‘. Годинашното издание на фестивалот е збогатено со нови содржини кои ќе го направат побогат и поквалитетен од претходните две години. Во единаесетте фестивалски денови, кои се повеќе од лани и ќе траат од 7 до 17 август, ќе се случат 28 настани на десет отворени летни културно-уметнички и забавни сцени а за прв пат, освен во градот, фестивалски содржини ќе има и во населените места Просениково и во Муртино.