В недела, 29.06.2014 година, ќе се реализира завршниот дел од акцијата „Чиста и уредна средина“ што ја спроведува општина Струмица, а во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, општинскиот сервис „Систем 48“, Младинскиот совет и урбаните заедници.
Акцијата ќе продолжи во третиот реон, кој ги опфаќа улиците од булеварот „Маршал Тито“ до транзитниот пат „Климент Охридски“. Собирниот пункт ќе биде на кружниот тек пред ЕВН во периодот од 8,00 до 16,00 часот.
Се повикуваат сите граѓани, масовно и активно да се вклучат во акцијата со расчистување на отпадот од нивните дворни места и подрумски простории и истиот да го остават пред своите домови и да пријават на „Систем 48“ на бесплатниот телефонскиот број 0800 1 48 48 за да биде подигнат. Во акцијата ќе се собира домаќински и кабаст отпад, а не и градежен шут.