Ученици и професори од средното општинско училиште „Јане Сандански“ престојува во работна посета на Грујец, Полска, град со кој општина Струмица има потпишано договор за соработка.
За гостите од Струмица, беше организиран официјален прием кај градоначалникот на Грујец, Јацек СтоларскиДраго ми е што конечно договорот за збратимување потпишан со општина Струмица ќе ја оправда својата намена и сè почесто ќе се гледаме за заеднички средби и размена на ученици“, рече градоначалникот Столарски кој испрати топли поздрави до градоначалникот Зоран Заев, со желба за брза средба во СтрумицаДенеска, членовите на екипата присуствуваат на свеченоста по повод последниот училишен ден во училиштето „Piotra Skargi“, а во изминатите денови се запознаа со убавините на Полска, традицијата, историските и културните знаменитостВо рамките на посетата, беше промовиран филмот „ОКО“ изработен специјално за ученичката размена со гимназијата во Грујец. Во филмот се опфатени навиките на младите во Струмица во едно деноноќие и сличностите и разликите со другите држави.